Мацко За Марија Lyrics

Не знам од кај да почнам, приказнава нема почеток
како добро писмо напишано без завршеток
како надежта паѓа нема смисла за надеж
некој нема а со тага не можеш да го вратиш
И погледнувам наоколу и нешто ми недостига
што недостига, една ведра насмевка
која замина без да се поздрави ја снема
слушни ме сега, ова на кој те асоцира?
Точно така, те асоцира на Марија
личност која не знаеше за негативата
личност со јака страна на своето ја
личност полна со светло и надеж за светла иднина
Но тоа беше пред околу 2 години
кога требаше да одбележиме 8 години од нашето досаѓање
во Кирил и Методи, 8мо одделение никој не мисли на книги
наместо лекции полуматура е на тема
секој трча по бутици почнува да се спрема

Ама тоа беше еден ден, среда мислам
така беше редот ја дежурен да бидам
да го чувам клучот од вратата на школото
зборејќи со служителките да не ми биде досадно
Марија ја немам видено неколку дена
си викам кај е, но ете ја насмеана
иде накај школото, се качува по скалите
ја отвара вратата и се поздравивме
и викам како е каснеш веќе кај беше до сега
она ми вика еве бе добро идам од лекар
а ти како си денеска нема школо не те гајле
и викам нема школо ама тука сум цело сабајле.
И така падна смеење, шеги како и секогаш
ти си отиде на часови а јас си останав.

Час два поминаа полека додека седам
малку време помина и пак те гледам
и викам шо ти текна да бегаш од часови
ми викаш не бе на контрола сум
ќе идеме за Штип со татко ми
ме ослободија од часови
знаеш малку и ќе прошетаме по бутици
и викам фино немај гајле, ајде чао се гледаме
се гледаме, за последен пат се гледаме.

Никој не очекуваше шо ќе биде
школото заврши, секој по дома си отиде
играме кошарка позади зградата
не знам кој беше ама почна да ни кажува
имало сообраќајка на патот накај Штип
се замислив и ми светна, за Штип отиде ти
и се тешам нема шанси, не може да е Марија
за прв пат у мој живот плукам на зборот вистина.

Вистина каква е таа црна вистина
ете така си отиде една душа невина
остави зад себе еден куп луѓе збунети
еј што се случи ако можеш разјасни
објасни како им е на нејзините блиски
другари, другарки, роднини и родители
одвој трошка малку време и пробај да се потсетиш
за тоа како било земи свеќа запали
само тоа преостанува полни сеќавања
како било некогаш во присуство на неа
а другарството не умира, тука останува
ако не беше така немаше да има песна
посветена за тебе, а во неа порака
тоа што било вредно не се заборава
од унатре тага, а од надвор бледо лице
тие што те знаат така им минуваат дните.
Не бевме сите на матура, вечер на дружење
без тебе моментот чекам го споделивте
како викат старите најубави години
тинејџерски, навечер по кафичи и локали
но Господ не ти дозволи да го доживееш тоа
и по 2 години се уште не ми се верува
остануваш во сеќавање, таков е животот
денеска како си, а утре почивај во мир.

See also:

58
58.119
Robi Draco Rosa Bosque de los números Lyrics
Diomedes Díaz Sin saber qué me espera Lyrics