Врчак и Хор Запро Запров Очите немаат вера Lyrics

Лето Господово 2001
јулскиот ден кон залезот броди
под гранките на старото бадемово дрво
нашата љубов кон вечноста оди
двајцата сме од различни вери
во твоите молитви Алах се слави
А кај мене Исус е тој што го мери
гревот што нашата младост го прави
очите наши срамежливо се љубат
ги шепотат тајните што срцето ги ткае
воздишките палат кон залезот се губат
го молат мигот вечно да трае,
вечно да трае, вечно да трае...

На мојот образ солзи од радост
твојата љубов во нив се точи
јас ти ја давам мојата младост
немаат вера нашите очи

А брат ти некаде над калето старо
низ нишанот на снајперот не гледа
верник Алахов тој е сјаен
заштитник на сите муслимански чеда
кога ме погоди куршумот в гради
гушнати плачеа нашите души
сонот на двајца вљубени млади
зарем со истрел да се сруши?

Твоите солзи низ душава ми ријат
оџата од блиската џамија се гласи
од света Петка камбаните бијат
која ли вера нас ќе не спаси
твојата или мојата на нашите срца
сега ќе им суди, дал твојот Алах ил мојот Исус
љубовта Божја пак ќе ни нуди
а брат ти во шумата над калето старо
дал сеуште низ снајперот не гледа
што не попушта ни за педа
те љубам тебе, но и твојот брат
сонувам за утре, а не за вчера
до срцето постои само еден пат
тоа не признава ничија вера
очите твои се портите на рајот
кон кои сега патот ме води
чувај го сакана во нив сјајот
за синот што треба да ни се роди.
Од високо некаде Господ ме следи
и кон мене покажува со прстот
а долу под мирисот на липите се љубат
полумесечината и крстот

Од високо некаде Господ ме следи
а долу се љубат полумесечината и крстот

В гради ми жари сакај со зрно
лудо те сакам, палава срно
затворам очи за да те видам
одам во рајот за твој да бидам
нашите очи немаат вери
тие се кантар солзи што мери
срцето твое мене ме знае
во него мојот живот ќе трае

See also:

99
99.15
Beatles, The Devil In Her Heart Lyrics
Within Temptation with Evanescense Surrender Lyrics