PaRaDoX feat. Sofistot Длабоко во потсвеста Lyrics

Податоци за опасноста што се движи
ефективно низ мозочните ќелии
мислите се кочат, видот ми се губи
околу мене само облици груби
Има вештачка интелeгенција
јака концентрација ко есенција
злобата се шири, мозочен провокатор
посилни од мене сила на терминатор
гласови во мене ме опколија
одеднаш се наоѓам во друга територија
во бестежинска состојба, вируси во употреба
пловам низ своите мисли како риба
сфатив дека сум во борба сам против себе
нема сега стоп, илузијата ме гребе
остана трајна последица
социопатолошка мерна единица
за светот кој содржи само три сегменти
свет каде психопатите се таленти
стојам помеѓу вистина и лага
таму каде никој не смее да помага
дали е реалност или само визија
заобиколен од хипокризија
пробива, коба на болни места
како болеста, длабоко во потсвеста.

Длабоко во потсвеста во кошмари се будам
грозоморни слики ме наведуват да полудам
очајнички крици, неоткриени мистерии
го барам својот лик во непознати димензии

Слушам неми гласови, директно од тишината
вистината заробена во кругот на темнината
ова е фиктивна илузија и халуцинација
на интелектуалниот простор елевација
обиколен од зраци, ултравиолетови
потсвесно запознавам нови светови
каде што перцепирам непознати сигнали
ова е чудна галаксија со вселенски корали
што е дел од корумпирана имагинација
животни форми со мала интеракција
имам визија, гледам страшни креатури
наликуват на луѓе со челични фризури
а менталниот развој границата ја помина
и парапсихолошки појави јас откривам
нов елемент без атоми, молекули
огнени честички лепливи ко мрсули
убиствени дејанија во хорор материјален
веќе немам ориентација кој свет е реален
вечниот дуел меѓу доброто и злото
земја се одронува, нестабилно е тлото
но можам разумот да го балансирам
и со отров социјален ужас конструирам
ноќна мора препородена во јавето и свеста
нови привиденија длабоко во потсвеста

Длабоко во потсвеста во кошмари се будам
грозоморни слики ме наведуват да полудам
очајнички крици, неоткриени мистерии
го барам својот лик во непознати димензии

See also:

99
99.80
01-r_kelly-ignition_(remix) 01-r_kelly-ignition_(remix) Lyrics
Barbra Streisand Ive Got A Crush On You -21st Lyrics