Slatkar,Zele,Marko Kako boli Lyrics

А како боли кога тато дома пијан тепа,
Немој, те молам боли, мама плаче вреска,
Кога даваш љубов, а добиваш прашина,
Заплеткан во гомна, како Клементина во пајажина,
Боли, го моли бато, стани помалото братче,
Мајка му на гробот плаче, го испуштила од раце,
А јас во светов помал и од точка,
нафурано копиле идам контра на мојата болка,
Идев напред тврдокорно, мислев никад нема меко,
со годините сватив не тече нигде мед и млеко,
Знаеш боли кога ти раскинува првата девојка,
Си се начукал,кршиш, отвараш рани во невоља.
Боли ко што никад и не си очекувал,
Твојот човек при напад наеднаш ти се повлекува,
Те остава на цедило, девојката е бетер,
Ги фаќаш со другар ти, се ебат во твојот креет,
Твојата невиност, љубов прчи гз на Кавасаки,
Се кова со криви ликови, стари грди фаци,
Ма идете у курац, и кога пцујам боли,
Дали мене или тебе не е важно брат те боли.

Знаеш боли, како боли, брат во душа стега,
Ме боли она што го љубам, а го губам и го немам,
Ме боли животот, ме боли светот,
Ме боли ноќта непреспиена, ме боли денот,
Ме боли неправда, лага, а вистина уште повише,
Ме болат солзите и нервозите на моите,
Ме боли да, ме боли не, ме боли празниот џеб,
Стискам заби, но ме болат од сувиот леб.

Ме боли секој збор во песна што го нудам,
Ме боли да судам, да презирам, да губам,
Ме боли да сум сам, но уште повеќе да љубам,
Не сакам да спијам зошто боли кога пак се будам.
Не сакам да бидат сите ноќи несони,
Ме боли да сум шворц со месеци, со денови,
Не сакам да живеам ко пес,
Ме боли дека пијам за да бидам секогаш во несвест.
Но мојот живот тече исто како драма,
Сакав девојка што скоро никад не е сама,
Па ти ебам прва љубов, ко да е последна,
Ме боли сако кога мислам дека барам следна.
Од друга страна улицата ме стори цврст,
Ме научи да плачам секогаш со среден прст,
Но ме боли кога тонам во асвалтов,
Дали тебе пак те боли што го слушна текстов.

Знаеш боли, како боли, брат во душа стега,
Ме боли она што го љубам, а го губам и го немам,
Ме боли животот, ме боли светот,
Ме боли ноќта непреспиена, ме боли денот,
Ме боли неправда, лага, а вистина уште повише,
Ме болат солзите и нервозите на моите,
Ме боли да, ме боли не, ме боли празниот џеб,
Стискам заби, но ме болат од сувиот леб.

Мрзам да гледам болни лица подли,
Во очите им гледам злочин,
Затоа сум различен јас од нив,
Знам како боли кога сите се против,
Кога си изгубил мотив, живееш исто од копиљ.
А сите околу тебе се полни, па очите нели кажуваат се,
Ти живееш за кеш, а јас за сите среќни да сме,
Од едно исто сме дел,
Секој на секого плен, таков е овој свет.
Ми фали да те гушнам,
Ме боли се што не можам да ти пружам,
Таквите работи ме гушат,
Но тука е екипата за дружба,
За душмани да пукнат кога некој не плука,
Може да попуши курац,
А јас знам колку вие вредите,
Патот е единствен, заедно сме до ѕвездите,
Ниту болка, ни копнеж, имам вербален сомнеж,
Во бока можеш да дознаеш кој е вистински човек.

See also:

123
123.80
Disney That's Amore Lyrics
One Republic Apologized Lyrics