Владо Јаневски Повторно се заљубувам во тебе Lyrics

Пишува во книгите на мудрости
човек жив со време се ќе научи.
Точно е и звучи како вистина,
но не и во љубовта.

А нашата еднаш блескаше ко сонце
и сеуште в срце ми тлее светлина,
а тоа што за тебе знам скоро се
малку ми помага.

Повторно се заљубувам во тебе
ко лавиринт темен срцево ми е,
но само љубовта ко тајна лозинка
до тебе пак ме донесе.

Повторно се заљубувам во тебе
ко лавиринт темен срцево ми е,
но само љубовта ко ѕвезда водилка
до тебе пак ме донесе.

Меѓу нас едно „збогум" долго стои
превисок ѕид за гордоста да прескокне
ме гледаш, а позната ти гори
искра во очите.

Повторно се заљубувам во тебе
ко лавиринт темен срцево ми е,
но само љубовта ко тајна лозинка
до тебе пак ме донесе.

Повторно се заљубувам во тебе
ко лавиринт темен срцево ми е,
но само љубовта ко ѕвезда водилка
до тебе пак ме донесе. (x2)

See also:

31
31.44
IRIT DOTAN אירית דותן ANI CHAI KE ESEV BAR אני חי כעשב בר Lyrics
Laura Andresan & Mc Crabu Cu el Lyrics