Тоше Проески Учи ме мајко, карај ме Lyrics

Учи ме, мајко, карај ме
како да ја земам Лилјана,
Лилјана мома убава,
Лилјана тенка, висока,
Лилјана ситен босилок,
Лилјана една на мајка.

Учам те, синко, карам те,
повикај триста мајстори,
направи чешма шарена,
наврати вода студена,
сите селани ќе дојдат
и Лилјанини другарки,
ем сите калеш невести,
белким Лилјана ќе дојде.

Послуша Стојан мајка си,
повика триста мајстори,
направи чешма шарена,
наврати вода студена,
сите селани дојдоа
и Лилјанини другарки,
ем сите калеш невести,
кучка Лилјана не дојде.

See also:

46
46.113
Lulu Santos Vício Lyrics
II Guys From Petra My Redeemer Lives Lyrics