Владо Јаневски Срце преку небото Lyrics

Пред да те сретнам тебе мислев
дека љубов е што помалку да дадам
на крајот да им земам сè
но мојот свет се пресели
во твоите очи бакарни
ко во песок жив потонав во нив
кога рече ти

Разголи ми ја душата
покори ми го телото
и ѕвездите ќе навезат за нас
срце преку небото

Во овој свет на лаги
само ти си вистина
среде мрачен океан
единствен остров светлина

Ко бос да газам преку жар
брзам да ти прејдам праг
маска отфлам и срце отворам
да ми кажеш пак

Разголи ми ја душата
покори ми го телото
и ѕвездите ќе навезат за нас
срце преку небото

See also:

50
50.109
Blood arm et Anaïs Do I have your attention Lyrics
DREAM THEATER Degree 5: Disappear Lyrics